Се урна хеликоптер на брза помош во Либија, загинаа пет лица

10.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се урна хеликоптер на брза помош во Либија, загинаа пет лица

Несреќата се случила во подрачјето околу 300 километри југоисточно од градот Куфра, објави порталот „al-Wasat“.

Меѓу загинатите се двајца припадници на воената транспортна служба, како и медицинска сестра од болницата во Куфра. Преостанатите две жртви се странски државјани, пилотот на хеликоптерот и неговиот асистент.

Причината за несреќата засега не е позната, а либиските власти сè уште немаат објавено официјално соопштение за падот на хеликоптерот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата