Несреќата се случила во провинцијата Минија, 270 километри јужно од Каиро, кога локомотивата удрила во задниот дел на возот што се движел кон главниот град на Египет, соопшти националната железница, пренесе агенцијата АП.
По судирот, два вагони од возот паднале во блискиот поток, а причината за несреќата се истражува, се додава во соопштението.
Министерството за здравство во посебно соопштение наведува дека најмалку 20 лица се префрлени во болници.
Како што потсети АП, ова е втора железничка несреќа во Египет за краток период откако во септември се судрија два патнички воза кога загинаа три лица.