Европската централна банка (ЕЦБ) објави официјален јавен конкурс за нов дизајн на евробанкнотите, а натпреварот е отворен за графички дизајнери со живеалиште во Европската унија кои можат да се пријават до 18 август преку официјалната платформа на ЕЦБ.
Во претходните фази, ЕЦБ се консултираше со експерти и јавноста, врз основа на што Извршниот одбор избра две тематски основи кои ќе бидат инспирација за идните банкноти: „Европска култура“, со фокус на заеднички културни простори и значајни личности на континентот, и „Реки и птици“, кои симболизираат отпорност и разновидност на европските природни екосистеми.
Можеби ќе ве интересира: Граѓаните на оваа држава ќе добијат 100 евра, само со услов: Ќе мора да ги потрошат парите на едно место
Конкурсот ќе се одвива во две фази:
-Фаза на пријавување, во која дизајнерите треба да ги исполнат одредените услови наведени во јавниот повик
-Фаза на изработка на предлози, за време на која избраните кандидати ќе достават конкретни дизајнерски решенија, пренесува Биз портал.
За нив ќе одлучува независна комисија – Жири на дизајнерскиот натпревар, кој ќе избере најмногу пет решенија по тема.
– Евро не е само средство за плаќање – тој е симбол на европското единство и разновидност. Со овој конкурс ги повикуваме уметниците низ Европа да го обликуваат идниот изглед на нашите банкноти за да го одразуваат заедничкиот идентитет и природното наследство – изјави претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.
Можеби ќе ве интересира: Жена нашла 5.500 евра во кеш, а кога заминала во банка, веднаш ја вратиле поради неверојатна причина
Конечната одлука за изгледот на идните евробанкноти се очекува до крајот на 2026 година, се наведува во соопштението на веб-страницата на ЕЦБ.