Прво Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.
Потоа Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа.
Сега и претседателката Гордана Сиљановска Давкова призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано.
Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад.
Останува уште да им признаат на граѓаните за сите лаги, лажни кампањи, обивнувања и загубени години.
Друго што треба да направат?
Сега се на ред да признаат дека и внесувањето на малцинствата во Уставот не е никаква закана за македонскиот идентитет.
Малцинствата не се непријатели на Македонија. Тоа се наши сограѓани, соседи, пријатели, колеги.
Ниту едно малцинство не го загрозува македонскиот идентитет.
Она што ја загрозува Македонија е криминалот, корупцијата, изолацијата и блокадата на европската иднина што ја спроведува ВМРО-ОКГ.
Вистината излезе на виделина.
Сега е време за одговорност.
Реформи сега. Правда сега. Европа сега.
СДСМ

