Истакнатиот саудиски новинар Турки Ал-Џасер беше уапсен во 2018 година. Тој беше прогласен за виновен за тероризам и предавство, обвиненија за кои активистичките групи тврдат дека се лажни.
Саудиските власти тврделе дека Ал Џасер бил позади профил на социјалните мрежи, од каде членови на саудиското кралско семејство биле обвинувани за корупција, а се тврдеше и дека објавил контроверзни твититови за милитанти и милитатни групи.
Во 2018 година, властите извршија рација во домот на Ал-Џасер, го уапсија и му го запленија компјутерот и мобилните телефони. Ал-Џасер водеше личен блог од 2013 до 2015 година и беше познат по своите статии за арапската пролет, правата на жените и корупцијата.
Погубувањето беше осудено од страна на Комитетот за заштита на новинарите, каде потенцираат дека недостатокот на одговорност и неуспехот на меѓународната заедница да обезбеди правда за убиството на новинарот на „Вашингтон Пост“ Џамал Кашоги, овозможува прогонот врз новинарите да продолжи во Саудиска Арабија.