Саливан: САД и Израел имаат различни цели во Иран

25.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саливан: САД и Израел имаат различни цели во Иран

- Израел едноставно сака да го скрши Иран и да предизвика хаос, сметајќи дека уништен Иран би бил помала закана за земјата. Но, САД не можат така да размислуваат. Уништен Иран значи уништена глобална економија бидејќи тие и понатаму се закануваат на Ормуска Теснина. Тоа значи потенцијален бран бегалци, како што видовме по војната во Сирија во Европа. Тоа значи многу повеќе, наведе Саливан.

Според него, пропуштена е можноста за деескалација и за дипломатски решенија, со што би можело да се спречи влошување на ситуацијата.

- Само неколку дена пред да почнеме да го бомбардираме Иран, Иранците презентираа предлог во Женева, што во голема мера придонесе за решавање на нуклеарниот проблем, посочи Саливан. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата