САД воведе санкции за шефот на кабинетот на Орбан

8.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД воведе санкции за шефот на кабинетот на Орбан

Антал Роган, кој е задолжен за контрола на разузнавачките служби и медиумите, е обвинет за „оркестрирање системи на корупција за контрола на стратешките сектори на унгарската економија и пренасочување на приходите во своја корист и во корист на лојалните поддржувачи на неговата политичка партија.

-САД нема да се двоумат да бараат одговорни поединци, како Роган, кои ја користат моќта на нивната канцеларија за незаконски да се збогатат себеси и своите пријатели на сметка на нивната земја и нивните сограѓани, изјави високиот претставник на одделот Бредли Т. Смит.

Роган со децении е близок соработник на Виктор Орбан./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата