Тој нагласи дека конфликтот почна со руската неиспровоцирана инвазија врз Украина. Според него, Русија контролира колку долго ќе трае војната, а одлуката за прекин на конфликтот целосно зависи од постапките на Москва.
Николс истакна дека војната може веднаш да заврши ако Русија ги повлече своите трупи од Украина и почне да ги почитува нејзините граници.
Според него, одобрувањето на претседателот на САД, Џо Бајден, Киев да може да употреби оружје со долг дострел, може да ја зајакне способноста на Украина да ја брани својата територија.
Николс изрази надеж дека одлуката на Бајден би можело да ја поттикне Русија да ја признае бесмисленоста на своите постапки и да почне мировни преговори или целосно да се повлече од Украина.
Администрацијата на Бајден пред два дена одобри употреба на американско оружје за напади врз Русија. Според порталот Аксиос, употребата на оружје со долг дострел сè уште е ограничена на регионот Курск. Но, неименувани извори за „Волстрит џурнал“ изјавија дека Вашингтон најверојатно планира да го прошири подрачјето.