САД ќе побараат од Иран да демонтира три нуклеарни постројки

26.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД ќе побараат од Иран да демонтира три нуклеарни постројки

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер на преговорите со Иран во Женева најверојатно ќе побараат Техеран да ги демонтира трите нуклеарни постројки во Фордо, Натанц и во Исфахан и да го испорача целиот збогатен ураниум, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот наведува и дека Виткоф и Кушнер, под притисок на „јастребите“ во американската администрација и републиканците во Конгресот, во преговорите за иранската нуклеарна програма ќе настапат со остри барања.

Американските барања уследија откако американскиот претседател Доналд Трамп во говорот за состојбата на нацијата го предупреди Иран да не продолжува да развива нуклеарно оружје и балистички ракети, кои би можеле да погодат цели во САД.

Иран инсистира на своето право да збогатува ураниум, додека САД се залагаат за нулта збогатување. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата