САД ја суспендираше помошта за странски држави на 90 дена

25.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД ја суспендираше помошта за странски држави на 90 дена

Како што пишуваат американските медиуми наредбата била испратена до сите дипломатско-конзуларни претставништва, а во неа било наведено дека „никаква дополнителна американска странска помош нема да биде исплатена на начин што не е целосно усогласен со надворешната политика на претседателот на САД“. Според дел од американските аналитичари, одлуката остава простор за толкување поради што останува нејасно дали е засегната и помошта за Украина.

„Тоа значи дека на локација каде што има хуманитарна итна помош при катастрофи тоа ќе продолжи во некои случаи, а покрај тоа и платите на луѓето кои ќе работат за да помогнат со таа хуманитарна помош, тие, исто така, ќе продолжат да се плаќаат вклучувајќи ги и локалните жители на теренот на овие локации. Сега знаеме дека тоа се исклучоците, но вие прашавте за Украина. Не е 100% јасно во овој момент во моментов како што е напишано, нема индикации дека Украина ќе има некаков вид исклучок. “-Кортни Ќуб – Висок дописник за национална безбедност.

Новиот американски претседател Трамп веднаш откако стапи на функцијата донесе над 100 извршни наредби. Карактеристично беше што пред три дена Федерален суд привремено блокира една од нив со која ќе се елиминираше уставно загарантираното право на државјанство при раѓање, без оглед на имиграцискиот статус на родителите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата