САД ја обвинија Куба за мешање во работата на американски висок дипломат во Хавана

2.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД ја обвинија Куба за мешање во работата на американски висок дипломат во Хавана

Стејт департментот преку социјалните мрежи ја обвини Куба за, како што се наведува, „неуспешна тактика на застрашување“ и побара Хавана да престане да „испраќа поединци да се мешаат во дипломатската работа“ на американскиот вршител на должност, Мајк Хамер.

Хамер, кој пристигна во Куба кон крајот на 2024 година, во саботата објави видео во кое опишува како Кубанците го вознемирувале со пцости и навреди по состанокот со локалните црковни поглавари. На снимката се гледа група луѓе како извикуваат „атентатор“ и „империјалист“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата