САД и Иран постигнаа мировен договор – во петок ќе биде потпишан во Женева

15.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД и Иран постигнаа мировен договор – во петок ќе биде потпишан во Женева

Затворање на сите фронтови на 60 дена, вклучувајќи го и оној во Либан и отворање на Ормускиот Теснец, и од Иран и од морската блокада на САД – Вашингот и Техеран, со посредување на Исламабад, постигнаа прелиминарен договор по три и пол месеци да стават крај на војната, кој ќе го официјализираат в петок во Швајцарија.

Договорот ќе донесе мир и безбедност во регионот, нешто што многу претседатели на САД се обидоа да го постигнат, но потфрлија, порача претседателот Трамп, кој додаде дека „нафтата повторно ќе почне да тече“.

-Лидерите во регионот за прв пад најдоа претседател кој може да им помогне да постигнат вистински мир. Со отврањето на Ормускиот Теснец по потпишувањето на договорот во петок, со цел да се отстранат мините, нафтата повторно ќе тече на двата краја од регионот и во светот,- Доналд Трамп.

Сепак, најтешките теми се оставени за 60 дена примирије, каде ќе следува нова рунда на преговори за најчувствителните прашања – Иранската нуклеарна програма, санкциите од САД и замрзнатите средства на Техеран.

Според САД, договорот е доказ дека Иран е принуден на ограничувања – земјата од Блискиот Исток пак истиот го претставува како дипломатска победа, оти според тамошните власти, Техеран ги зачувал клучните позиции и го приморал Вашингот да седне на маса. 

-Непријателот беше принуден да побара прекин на огнот и преговори, а сега ние сведочиме на нацрт – договор во кој сите наши позиции, како и важните прашања кои ги сметаме за неопходни, се вметнати. Како и да е, она што беше поврзано со обврските на Иран се спроведуваат и ќе бидат спроведени. Другте одредби од меморандумот за разбиаре ќе произлезат од формалното потпишување на меморандумот во петок,- - Казем Гарибабади – Заменик министер за надворешни работи на Иран.

Поголемиот дел од светските лидери, вклучувајќи ги и ОН го поздравија договорот – Потпретседателката на ЕК, Каја Калас кажа дека истиот е добредојден и денеска ќе биде тема на дискусија со министрите за надворешни работи, а ЕУ се нуди да даде своја експертиза во неговата реализација. 

Бевме во контакт со Иран, но и со партнерите од Заливот, исто така и со нашите американски колеги да понудиме помош, бидејќи имаме експертиза кога станува збор за нуклеарни преговори, на пример.

Наспроти ова, Тел Авив со многу „поладен“ став – според нив договорот е недовршен и потенцијално ризичен компромис. Децидно порачаа, не се повлекуваат од Либан и дека го задржуваат правото на самостојна воена акција, но и на жесток одговор доколку Иран повторно посегне да зајакнува нуклеарно – став кој го потврди и амбасадорката на Израел во Македонија, при нејзината посета.

Ормускиот теснец кој почна да се отвора, но е се уште далеку од нормализација, веднаш доведе до поместувања на берзите. Нафтата од типот Бренд е со пад од 4% и тримесечен минимум од 84 долари по барел. Пред да започне конфликтот, беше 75 долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата