САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан

6.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан

Причината е неисполнетата заложба на преодната влада на Јужен Судан да ги прифати назад граѓаните на земјата што ги врати Вашингтон.

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека администрацијата е подготвена да ја разгледа таа одлука штом Јужен Судан му даде целосна соработка на Вашингтон по ова прашање.

-Јужен Судан не го почитуваше принципот дека секоја земја треба веднаш да ги прифати своите граѓани вратени од други земји, вклучително и САД, истакна Рубио.

„Веднаш стапува во сила одлуката на Стејт департментот на САД да ги суспендира визите на секој што има државјанство на Јужен Судан со цел да се спречи влез на лица со такво државјанство на територијата на САД“, се вели во соопштението на државниот секретар. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата