Руте потврди: Четворица американски војници загинаа во близина на границата со Белорусија

26.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руте потврди: Четворица американски војници загинаа во близина на границата со Белорусија

„Додека го држев мојот говор, дојде вест за смртта на четворица американски војници во инцидент во Литванија“, им рече Руте на новинарите, додавајќи дека се уште не ги знае деталите.

Американската амбасада во Вилнус претходно денеска извести дека четворица американски војници исчезнале вчера попладне и дека војската и полицијата на балтичката земја заедно со американската војска трагаат по нив.

Амбасадата на социјалната мрежа Х напиша дека војниците исчезнале на полигонот во близина на Пабраде во источна Литванија, блиску до границата со Белорусија.

Пријавено е дека „војниците од 1-та бригада, 3-та пешадиска дивизија изведувале планирана тактичка обука во моментот на инцидентот“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата