Руските власти ѝ дале рок од 3 часа на мајката на Навални за да го погреба синот

23.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руските власти ѝ дале рок од 3 часа на мајката на Навални за да го погреба синот

Навални, еден од најпознатите и најжестоките политички противници на претседателот Владимир Путин, ненадејно почина пред една недела во казнената колонија на Арктикот каде што издржуваше казна од повеќе од 30 години, објави Си-Ен-Ен.

Неговата мајка Људмила (69) со денови бара од властите да ѝ го предадат телото на нејзиниот син за да го погреба на начин што ќе им овозможи на неговите пријатели, членови на семејството и поддржувачите да му оддадат почит.

Портпаролката на починатиот Алексеј Навални, Кира Јармиш, на Х напиша: „Пред еден час, истражителот ѝ се јави на мајката на Алексеј и ѝ постави ултиматум - или таа ќе се согласи на таен погреб без јавен погреб во рок од три часа, или Алексеј ќе биде погребан во просторот на казнената колонија“.

Јармаш рече дека мајката на Навални продолжува да одбива таков ултиматум и продолжува да бара телото на нејзиниот син да ѝ биде предадено. Засега руските власти не го коментираат развојот на настаните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата