Како што објави „Businessinsider“, Виктор Бут сега се обидува да им продаде оружје на бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран.
Во јавноста познат како „трговец на смртта“, Бут беше уапсен во операција во САД во 2008 година по децении шверц на оружје од советско производство од Европа до Блискиот Исток и Африка.
Подоцна тој беше осуден по повеќе точки, вклучително и заговор за убиство на американски граѓани и официјални лица и испорака на противвоздушни ракети.
Откако помина една деценија во американски притвор, тој беше ослободен во 2022 година како дел од размена на затвореници од висок профил за американската кошаркарка, која беше приведена во Русија откако шверцуваше мала количина масло од канабис во земјата.
По неговото ослободување, Бут се чинеше дека го насочи своето внимание кон политиката, приклучувајќи се на ултранационалистичката партија поддржана од Кремљ и освојувајќи место во локалното собрание.
Сепак, според извештајот, тој повторно посредува во трговијата со оружје, загриженост што ја покренаа претставниците на Пентагон само неколку дена по неговото ослободување.
The Russian arms dealer who was exchanged for Brittney Griner is trying to sell weapons to the Houthis: report https://t.co/JP89Welt7c
— Business Insider (@BusinessInsider) October 7, 2024
Повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, вклучително и европски функционер за безбедност, американските медиуми објавија дека Бут бил присутен на разговорите во Москва во август, каде Хутите се обидувале да преговараат за купување автоматско оружје во вредност од десет милиони долари.
Изворите наведуваат дека двајца претставници на Хутите отпатувале во Москва под изговор дека купуваат возила и пестициди, односно вештачки ѓубрива. Тие рекоа дека не знаат дали преговараат во име на Кремљ или само со негова премолчена согласност. Кремљ не одговорил на барањето за коментар.
Според извори запознаени со ситуацијата, кои зборувале за The Wall Street Journal, испораката на оружје од Русија за Хутите би можела да започне веќе овој месец. Се работи главно за автоматски пушки АК-74, а испораката би се вршела под изговор за доставување храна.
Бунтовниците Хути постојано напаѓаа трговски бродови во Црвеното Море од минатата година, иако некои напади беа насочени кон израелски и американски воени бродови. САД и западните сојузници започнаа контранапади за да ги спречат овие напади, кои имаа значителни економски последици.
Според извештајот на Одбранбената разузнавачка агенција во април, трговскиот превоз преку Црвеното Море значително е намален, а алтернативните поморски патишта ги зголемуваат патните трошоци. Исто така, скокна и примарното осигурување за бродовите кои патуваат низ Црвеното Море.
„Во моментов гледаме премии кои се и до два отсто поскапи на вредноста на бродот за едно поминување низ Црвеното Море, поради нестабилниот интерес на осигурителните компании“, изјави Луси Невил, извршен директор за бродски транспорт, карго и логистика во брокерската компанија Marsh.
Пред само неколку недели, трошоците за осигурување беа 0,7 отсто од вредноста на бродот.
Во јануари, американскиот државен секретар Ентони Блинкен им рече на новинарите на прес-конференција дека нападите на Хутите врз меѓународните трговски бродови се „закана за сите“. Хутите исто така лансираа беспилотни летала и ракети кон Израел, тврдејќи дека тоа го прават како поддршка на Палестинците во Газа.
Со месеци американските разузнавачки агенции предупредуваа дека Русија би можела да ги вооружи Хутите со противбродски ракети како одмазда за американската поддршка за Украина.
„Овие напади имаат вистинско влијание врз цените што луѓето треба да ги платат за храна, лекови, енергија“, рече Блинкен, додавајќи:
„Бродовите мора да се пренасочат кон други дестинации, цените на осигурувањето растат, а во прашање е основниот принцип на слободата на пловидба.“
Иако трговијата со оружје организирана од Виктор Бут не вклучува противбродски ракети, неговото учество сепак претставува значајна руска интервенција во тековната криза во Црвеното Море.