Руски напад врз Суми: Најмалку 31 загинати и 83 повредени, меѓу нив и деца

13.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски напад врз Суми: Најмалку 31 загинати и 83 повредени, меѓу нив и деца

„Се работи за прелиминарни податоци, а меѓу повредените и загинатите има луѓе кои се наоѓале на улица, во автомобили, јавен превоз или во своите домови“, се наведува во објавата на Телеграм.

Итните служби информираат дека се на терен и дека се активирани кризни тимови за помош на преживеаните, вклучително и психолошка поддршка.

„Истражители и форензичари се наоѓаат на местото на нападот, собираат докази и го документираат ова брутално воено злосторство извршено од Руската Федерација врз цивилното население“, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата