Руски дрон погоди зграда во Романија, повредени се жена и 14-годишно дете

29.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски дрон погоди зграда во Романија, повредени се жена и 14-годишно дете

Во експлизијата предизвикана од ударот на дронот повредени се 51 годишна жена и 14-годишно дете, неколку лица се веднаш евакуирани.

Романското министерство за одбрана потврди дека дронот што се урна во станбената зграда во Галац е „од руско потекло“, додека пакк Русија сè уште не го коментира инцидентот. Претседателот на Романија, исто така, свика состанок на Врховниот совет за национална одбрана на земјата. Властите преземаат дипломатски мерки во потрага за одговор за како пшто наведуваат сериозно кршење на меѓународното право и воздушниот простор на Романија. Од НАТО бараат да го забрза трансферот на капацитети против дронови.

Романската војска испрати два борбени авиони ф-16 и хеликоптер овластени да напаѓаат цели, а до жителите на погодените области беа испратени пораки за тревога.

Македонското минстерство за надворешни работи го осуди нападот врз цивилните објекти во Романија. Од министерството повикаа на почитување на меѓународното право и заштита на цивилното население.

Надворешно политичкиот коментатор Љубомир Гајдов вели дека се работи за чиста провокација, но дека активирање на члено од Договорот за НАТО нема да има..

Романија, како членка на НАТО и сосед на Украина, во повеќе наврати предупреди дека руските напади во близина на нејзината граница претставуваат сериозен безбедносен ризик за регионот. Полскиот потсекретар за трговија Михал Барановски инцицдентот го оцени како чиста провокација.

„Ова е исклучително сериозно. Тешко е да се оцени колкава ескалација е ова. Ова е уште еден напад со беспилотни летала. Да се потсетиме сега има и повредени во Романија. Во септември 20 дронови навлегоа во полскиот воздушен простор. Ова не е случајно, се работи за провокации.“- Михал Барановски, потсекретар за трговија на Полска

Европските претставници го осудија нападот, понудија поддршка и солидарност на Романија, повторувајќи ги плановите за зголемување на притисокот врз Русија. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, вели дека падот на беспилотното летало претставува „бесрамно и сериозно кршење на суверенитетот и европскиот воздушен простор на Романија“, а Москва не може да ѝ се дозволи неказнето да го наруши европскиот воздушен простор.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изразува „целосна солидарност и поддршка“ со Романија, додавајќи дека „ескалацијата на Русија на територијата на ЕУ е неодговорна и неодговорна“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека „агресивната војна на Русија преминала уште една линија“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата