Руски дрон погоди станбена зграда во Романија , ранувајќи две лица и предизвикувајќи пожар

29.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски дрон погоди станбена зграда во Романија , ранувајќи две лица и предизвикувајќи пожар

Жена на возраст од 51 година  и 14-годишно дете се повредени во експлозија која беше предизвикана од дронот кој се урна во зграда во градот Галац, а  неколку лица беа евакуирани.

Дронот беше следен со радар во романскиот воздушен простор и се урна на покривот на зграда во Галац, соопшти романското министерство за одбрана. Романското министерство за надворешни работи го опиша инцидентот со дрон како „тешка и неодговорна ескалација“ од Русија. Се наведува дека земјата ќе преземе потребни дипломатски мерки за да одговори на она што го опиша како „сериозно кршење на меѓународното право“ и нејзиниот воздушен простор.се наведува и дека е побарано од НАТО да го забрза трансферот на капацитети против дронови во Романија.

Полицијата и другите агенции реагираа на местото на настанот. Галац е на реката Дунав, источно од границите со Молдавија и Украина. Романската војска испрати два борбени авиони Ф-16 и еден хеликоптер кои беа овластени да напаѓаат цели, а до жителите на погодените области беа испратени пораки за тревога.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата