Руската армија ќе стане „втора најголема во светот“

17.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руската армија ќе стане „втора најголема во светот“

Со ова проширување, руската армија ќе има 1,5 милиони активни војници, што ќе ја направи втора по големина армија во светот, веднаш по кинеската.

Зголемувањето на бројот на војници значи дека Русија ќе ја надмине армијата на САД и Индија, според податоците од воената организација „Меѓународен институт за стратешки студии“.

- Ова се должи на бројните закани кои постојат на нашите граници, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Ситуацијата на нашите западни и источни граници бара соодветни мерки, додаде тој.

Ова е третпат откако Путин го зголемува бројот на војници во руската армија од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата