Низ целата земја беше прогласена воздушна тревога, дури и во региони далеку од линијата на фронтот.
Украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха објави дека Русија употребила стотици беспилотни летала и ракети во нападот.
Russians destroyed entire streets in Kyiv an Kyiv region. Civilian homes and cars are on fire. pic.twitter.com/EgLZv1XL4S
— Victoria (@victoriaslog) September 28, 2025
Според украинските медиуми, пет руски бомбардери Ту-95 полетале од аеродромот Олења во регионот Мурманск околу 1:45 часот по локално време. Кратко потоа, околу 2:25 часот, градската воена администрација на Киев предупреди дека полетале бомбардерите МиГ-31К, предизвикувајќи тревога низ целата земја.
Russians are simply murdering people. No military targets, just destroyed homes and shattered lives.
— Victoria (@victoriaslog) September 28, 2025
📍Borshchahivka, Kyiv pic.twitter.com/rPWOmCIYVB
Украинските воздухопловни сили дополнително во 3:52 часот известија за веројатно полетување на бомбардер Ту-95 од воздухопловната база Енгелс. Во текот на ноќта, голем број украински региони беа загрозени од роеви беспилотни летала од типот Шахед, а експлозии беа пријавени во Киев, Киевската област, Запорожје, Хмелницката област и Суми.
Уништена петкатна зграда, има ранети
Најголема штета е регистрирана во Киев и Запорожје. Во главниот град, петкатна зграда е делумно уништена, а станбената инфраструктура е оштетена во неколку области, потврди началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимир Ткаченко. Оштетени се и нестанбени згради и паркирани автомобили.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, пријави најмалку пет повредени лица кои се хоспитализирани. „Ракетите сè уште паѓаат врз градот“, рече тој, повикувајќи ги жителите да останат во засолништа. Во близина на Киев, пожари избувнаа во неколку домови и згради. Во градот Фастив, повредени се пет вработени во пекарница која се запали за време на нападот.
Apartment buildings and other purely civilian targets remain the primary goal for Russian missiles and drones in Kyiv.
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) September 28, 2025
This is what Russians understand, and only once it's happening to them will we all be speaking the same language.
pic.twitter.com/99ggPf2kni
Жест напад врз Запорожје
Во Запорожје, регионалниот центар на делумно окупираната област, Русите нападнаа цивилна инфраструктура, соопшти гувернерот Иван Федоров. Девет куќи, 14 повеќекатни згради, училиште и производствени погони се оштетени. Пет лица се повредени во два напади во текот на ноќта.
„Подмолни тактики, нечовечка жед за човечко страдање“, коментираше Регина Харченко, вршител на должноста градоначалник на Градскиот совет на Запорожје, и додаде: „Нечии фотографии, детски играчки, книги горат. Луѓето страдаат, а градот повторно ги брои раните.“
Here’s what Russians are doing now.
— Victoria (@victoriaslog) September 28, 2025
They have already damaged homes in Kyiv. This is the largest attack on the capital recently. pic.twitter.com/NKpFy0UrGr
Полска крена борбени авиони, го затвори воздушниот простор над два региона
Експлозиите одекнаа и во регионот Хмелницки, каде што беше активна противвоздушната одбрана, но според првичните информации, немаше жртви. Како одговор на масовниот напад, Полска ги крена своите борбени авиони, како што правеше во претходните случаи кога руските напади ја загрозија западна Украина. Воздушниот простор над Лублин и Жешов беше привремено затворен поради „непланирани воени активности“.
Овие инциденти се случуваат во време кога руските беспилотни летала и авиони сè повеќе влегуваат во воздушниот простор на НАТО, зголемувајќи го нивото на будност низ целиот сојуз. Русија ги засили воздушните напади врз Украина во текот на пролетта и летото 2025 година, а официјалните лица предупредуваат на нов бран напади насочени кон енергетската инфраструктура како што доаѓаат постудените месеци.
Ударот по средбата Трамп-Зеленски
Нападите се случија откако украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп се сретнаа на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. По средбата, Трамп изненади велејќи дека Украина „е во позиција да се бори и да ја врати цела Украина во нејзината оригинална форма со поддршка на ЕУ“.
Подоцна го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин. „Многу сум незадоволен од она што го прави Русија и од она што го прави претседателот Путин“, им рече Трамп на новинарите пред три дена. „Воопшто не ми се допаѓа. Тој убива луѓе без причина“. И покрај ова, Трамп сè уште не вовел нови санкции на САД против Русија.
По серијата руски повреди на воздушниот простор на членките на НАТО, повторно се појавија повици за „затворање на небото“ над Украина. Упадите ги ставија европските земји во состојба на готовност и покренаа прашања за способноста на алијансата да се спротивстави на руските закани. Како одговор, НАТО ја започна мисијата Источна гарда, а разговорите за затворање на небото се повторно на дневен ред.

