Русија ги повикува САД да го ослободат Мадуро, Украина го поддржа нападот врз Венецуела

3.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија ги повикува САД да го ослободат Мадуро, Украина го поддржа нападот врз Венецуела

- Во услови на потврдените извештаи дека претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга се наоѓаат во САД, силно ги повикуваме американските власти да ја разгледаат ситуацијата и да го ослободат легално избраниот претседател на една суверена држава и неговата сопруга, се вели во соопштението.

Од друга страна, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Украина доследно го брани правото на народите на слободен живот, без диктатура, угнетување и кршење на човековите права.

- Режимот на Мадуро ги прекрши сите овие принципи во секој поглед, истакна тој.

- Се залагаме за понатамошен развој во согласност со принципите на меѓународното право, давајќи им приоритет на демократијата, човековите права и интересите на Венецуелците, додаде Сибиха. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата