- Денеска воведувам санкции против двајца судии од МКС – Гоча Лордкипаниѕе од Грузија и Ерденебалсурен Дамдин од Монголија, во согласност со декретот потпишан од претседателот Доналд Трамп во февруари оваа година. Овие лица учествувале директно во постапките на МКС за истрага, апсење, притворање и гонење на израелски граѓани без согласност на Израел, посочи Рубио.
МКС американските санкции ги оцени како „очигледен напад врз независноста на непристрасна судска институција“ и најави дека решително ќе застане во одбрана на своите вработени и на жртвите. Судот ќе продолжи да работи заедно со сите свои партнери, со цел да обезбеди ефикасно и независно исполнување на својот мандат, се наведува во соопштението од МКС.
Одлуката за воведување санкции против МКС, потпишана од Трамп, предвидува замрзнување на банкарските сметки на судските службеници во САД и воведуваат забрана за патување во САД за нив и членовите на нивните семејства.

