Рубио: Односите помеѓу САД и Европа се во опасност ако се изгубат заедничките вредности

20.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио: Односите помеѓу САД и Европа се во опасност ако се изгубат заедничките вредности

Тој наведе дека американската администрација жали за наводната загуба на демократијата и слободата на говорот во Европа.

- Односот со Европа се темели на фактот дека споделуваме заедничка култура, цивилизација, заедничко искуство, вредности и принципи за работи како што се човековите права, слободата, независноста и демократијата. Ако сето тоа се укине, ако од која било причина престане да биде приоритет, мислам дека на долг рок и во поширока смисла го оптоварува и го загрозува нашиот сојуз. Во тој случај имате само чист одбранбен договор. Тоа е сè што имате, истакна Рубио.

Во нова стратегија за национална безбедност, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја оцени политичката клима во ЕУ како закана за американските интереси. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата