Рекорден број на мигранти за еден ден го преминаа Ламанш кон Велика Британија

19.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекорден број на мигранти за еден ден го преминаа Ламанш кон Велика Британија

Информацијата е во време кога политичките партии во Британија се борат за општите избори на 4 јули на кои имиграцијата е едно од главните прашања. Конзервативниот премиер Риши Сунак вети дека ќе ги „запре чамците“, но се соочи со пречки за неговиот план да ги депортира барателите на азил во Руанда.

Според привремените бројки на Министерството за внатрешни работи,вчера преминале  882 луѓе и вкупниот број за 2024 година е 12.313. Бројката годинава е за 18 отсто поголема од лани кога беа регистрирани 10.472 луѓе. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата