Земјотресот е регистриран на околу 20 километри од Хинатуан, каде живеат околу 10.000 луѓе.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Според неофицијални информации, некои делови останале без струја.
На веб-страницата на ЕМСЦ граѓаните наведуваат дека земјотресот траел долго и бил исклучително силен.
„Мислам дека траеше околу 30 секунди“, изјави еден корисник.
„Оваа е многу посилен од оној што се случи на 17 ноември. Јас сум во Давао Сити, уште се луламе лево-десно“, напишал друг.