Расте бројот на жртвите- терористи пукале кон илјадниците луѓе на плажа во Сиднеј (ВИДЕО)

14.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расте бројот на жртвите- терористи пукале кон илјадниците луѓе на плажа во Сиднеј (ВИДЕО)

Како што истакна, цел на нападот била еврејската заедница, која на плажата го славела празникот Ханука.

Како што додаде, вечерва, во 21:36 часот по локално време, официјано објави дека станува збор за терористички напад.

- Овој напад ја таргетирал еврејската заедница во Сиднеј. На првиот ден од Ханука, она што требало да биде ноќ на мир и радост, прославена во рамките на заедницата, со семејството, било уништено од овој ужасен, злобен напад - изјави премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс.

Ланион додаде дека не може да потврди дали имало трет напаѓач.

Како што претходно беше објавено, меѓу повредените имало дете и двајца полицајци.

Поставен е автомобил-бомба?

Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, исто така, изјави на прес-конференција дека неговите полицајци пронашле возило во Бонди за кое веруваат дека содржи „неколку импровизирани експлозивни направи“.

- Како дел од истрагата и кратко по пукањето, полицијата пронајде возило во Кемпбел Параде во близина на плажата Бонди за кое верува дека содржело неколку импровизирани експлозивни направи. Нашата единица за деактивирање бомби и спасување моментално работи на тоа - рече тој.

Тој рече дека полициската операција е сè уште во тек.

Како што е познато, стотици посетители на плажата биле принудени да избегаат од светски познатата плажа Бонди откако двајца мажи отворија оган врз толпата.

Мажите, од кои едниот беше облечен во црно, можеа да се видат како пукаат кон луѓето од оружје со голема моќност. Десетици возила на полицијата и брзата помош на Нов Јужен Велс се упатија кон местото на настанот.

Видео снимките покажуваат најмалку двајца вооружени лица, кои стојат на пешачки мост што ги поврзува Кемпбел Параде со Бонди Павилјонот и пукаат во толпата. Напаѓачите отворија оган кратко по 18:30 часот, додека стотици жители на Сиднеј присуствуваа на настанот „Ханука покрај морето“ за да го прослават почетокот на еврејскиот фестивал.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата