Расте бројот на жртви во пожарот во зграда со странски работници во Кувајт (ВИДЕО)

12.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расте бројот на жртви во пожарот во зграда со странски работници во Кувајт (ВИДЕО)

Околу 200 работници биле сместени во зградата каде што избувна пожарот денеска рано наутро во јужниот кварт Мангаф.

Областа е густо населена со странски работници, но засега нема информации за националноста на жртвите.

Заменик-премиерот Шеик Фахад ал Јусуф ал-Сабах нареди апсење на сопственикот на зградата за време на посетата на локацијата.

„За жал, алчноста на сопствениците на имот е она што води до овие работи“, рече шеикот Фахад, кој исто така раководи со министерствата за внатрешни работи и за одбрана.

Властите соопштија дека пожарот е ставен под контрола и дека истражуваат што го предизвикало.

„Зградата каде што избувна пожарот се користеше за сместување работници и таму имаше голем број работници. Десетици се спасени, но за жал имаше многу смртни случаи поради вдишување чад од пожарот“, изјави висок полициски командант за државната телевизија, пренесе Јаху.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата