„Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз образовна институција во самиот град се искачи на 55“, објави Државната служба за вонредни состојби (ДСНС) на Телеграм, известувајќи за 328 ранети.
„Веројатно има повеќе луѓе под урнатините“, се вели во соопштението и се додава дека „спасувачите досега расчистиле и однеле повеќе од 2.000 тони шут“.
„Нападот беше извршен со два балистички проектила. Во него беше делумно уништен воен центар за обука специјализиран за комуникации, а оштетена е и блиската болница“, рече претседателот Володимир Зеленски.
Нападот беше широко осуден од меѓународната заедница, особено од Вашингтон, кој го осуди „новото страшно потсетување на бруталноста на Владимир Путин“.
Популарните блогери и украинските власти реагираа со гнев на нападот во вторникот, обвинувајќи ја воената команда за стационирање на толку многу војници на едно место, што го прави лесна цел за Москва. Зеленски нареди целосна и брза истрага за околностите на нападот.
Русија потврди дека ракетниот напад врз украинскиот град Полтава бил насочен кон „центар за обука“ на украинската армија и дека нападот ги „уништил“ предвидените „цели“.