Расте бројот на загинати во поплавите во Шпанија, речиси сите жртви се во Валенсија (ВИДЕО)

30.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расте бројот на загинати во поплавите во Шпанија, речиси сите жртви се во Валенсија (ВИДЕО)

Според извештајот до 18 часот, 70 лица загинале во Валенсија, едно во провинцијата Малага и две во Кастиља-Ла Манча.

Министерот за територијална политика, Ангел Виктор Торес, прогласи тридневна жалост и најави дека владата ќе го прогласи подрачјето за „силно погодено“ од студениот фронт и вети дека ќе ги мобилизира „сите национални и европски ресурси“ за помош.

Министерството за одбрана ангажира воздухопловни сили, воени психолози и специјално обучени кучиња за пронаоѓање на жртвите. Десетици луѓе ја поминаа ноќта во Валенсија над камиони или автомобили, на покривите на продавници или бензинските пумпи или беа заробени во возилата на пренатрупани патишта додека спасувачите не ги извлекоа.

Обилните дождови предизвикаа прекини на електричната енергија кои погодија 140.000 луѓе, затворени патишта и прекинати брзите железнички услуги меѓу Мадрид и регионот на Валенсија и медитеранскиот коридор до Барселона. Невремето сега се движи кон Каталонија, Арагон, Екстремадура, Навара и западна Андалузија, каде Кадиз е под црвено предупредување за ризик од обилни врнежи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата