Полицијата истражува откако градежните работници дојдоа до ужасното откритие во домот во Бишоп Окленд.
Телото е извадено од куќата во Фор Бондгејт попладнево, а полицијата во Дурам потоа изврши целосен претрес на куќата, пренесува Метро.
Засега не е познато како телото завршило под даските, ниту на кого му припаѓаат посмртните останки.
- Нашата истрага е во рана фаза.
Форензички аналитичари, вклучително и експерт антрополог, биле донесени за да го испитаат скелетот за да утврдат колку години имало бебето во моментот на смртта и колку долго биле закопани останките.
На крајот на неделава е закажана обдукција и КТ скен за да се утврдат причините за смртта.
Детективите од полицијата во Дурам почнаа да трагаат по претходните станари на имотот.