Путин во државна посета на Индија

4.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин во државна посета на Индија

Ова ќе биде негова прва посета на најнаселената земја во светот од почетокот на руската инвазија на Украина пред повеќе од три и пол години.

По приватната вечера со премиерот Нарендра Моди по пристигнувањето, двајцата лидери повторно утре на 23-от самит Индија-Русија, според извештаите на локалните медиуми кои се повикуваат на владата во Њу Делхи.

Разговорите ќе се фокусираат на односите меѓу двете земји, вклучувајќи ги областите на трговијата и енергетиката.

Двете страни настојуваат да го прошират своето „посебно и привилегирано стратешко партнерство“.

Индија е еден од најголемите купувачи на руска нафта. Русија, исто така, ги користи приходите од таа продажба за финансирање на својата војна против Украина, за чиј прекин Моди постојано повикува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата