Путин ова го изјави еден ден откако американското Министерство за правда ги обвини претставниците на руските медиуми дека се обидуваат да влијаат на ноемвриските избори со ширење проруска пропаганда.
Лидерот на Кремљ на почетокот на годинава со очигледна иронија, дури и пред претседателот Џо Бајден да се повлече од трката, рече дека го претпочита Бајден пред Трамп, бидејќи тој е попредвидлив политичар од „старата школа“. На прашањето како сега гледа на изборите, Путин на економски форум на рускиот Далечен Исток рече дека тоа е избор на американскиот народ.
Но, потоа додаде дека Бајден им препорачал на неговите поддржувачи да ја поддржат Харис. „Ние ќе го направиме истото, ќе ја поддржиме“, рече Путин. „Таа се смее толку експресивно и заразно, што значи дека сè е во ред со неа“, рече Путин, додавајќи дека тоа може да значи дека ќе се воздржи од дополнителни санкции против Русија.
BREAKING: PUTIN Says He Supports KAMALA HARRIS pic.twitter.com/ZD0XX2SwBr
— PoliticsVideoChannel (@politvidchannel) September 5, 2024
Американските разузнавачки агенции веруваат дека Русија сака Трамп да победи бидејќи тој е помалку посветен да ја поддржува Украина во војната против Русија. Но, Путин рече дека Трамп наметнал повеќе санкции за Русија како претседател отколку кој било во Белата куќа пред него.