Путин-Сијарто: Односите се развиваат позитивно, особено во енергетскиот сектор

4.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин-Сијарто: Односите се развиваат позитивно, особено во енергетскиот сектор

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на почетокот од разговорите со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека односите меѓу двете земји се стабилни и се развиваат позитивно, особено во енергетскиот сектор, објави прес-службата на Кремљ.

„Севкупно, односите се стабилни и се развиваат позитивно, мислам на прашања од енергетската политика, вклучувајќи ги јаглеводородите, и нашиот водечки проект - нуклеарната централа Пакш“, рече Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска објави дека на средбата меѓу Путин и Сијарто ќе се разговара и за ситуацијата во врска со снабдувањето со нафта, вклучително и испораките преку гасоводот „Дружба“, објави РИА Новости.

Сијарто претходно во објава на Фејсбук изјави дека е во Москва за да се увери и „да добие гаранција дека количината на нафта и гас потребна за безбедноста на снабдувањето со енергија на Унгарија ќе биде испорачана во Унгарија од Русите по иста цена, и покрај променетите околности и глобалната енергетска криза“.

Тој рече дека енергетската безбедност на Унгарија се соочува со предизвици откако Украинците го блокираа транспортот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ од крајот на јануари.

Путин, исто така, вчера разговараше по телефон со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата