Покрај учеството во настаните на форумот во чест на Меѓународната година на мирот и довербата, која ја прославува ОН, Путин има планирано голем број билатерални средби.
Кремљ веќе ги потврди разговорите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а иранската амбасада извести за плановите на претседателот на таа земја, Масуд Пезешкијан, да се сретне со рускиот лидер.
Во исто време, во Ашхабад, покрај домаќинот на форумот, туркменистанскиот претседател Сердар Бердимухамедов, ќе бидат присутни и претседателите на Ерменија, Ирак, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Таџикистан, како и премиерите на Азербејџан, Унгарија, Грузија и Пакистан.

