Путин: Последиците од војната во Иран би можело да бидат како последиците од пандемијата

26.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин: Последиците од војната во Иран би можело да бидат како последиците од пандемијата

Според него, конфликтот со Иран предизвикува значителна штета на меѓународната логистика, производството и синџирите на снабдување, а во исто време ги става под силен притисок компаниите во секторите за јаглеводороди, метали и ѓубрива.

Споредба со пандемијата

„Сè уште е тешко точно да се предвидат последиците од конфликтот на Блискиот Исток“, рече Путин во обраќањето пред бизнис лидерите во Москва. „Ми се чини дека дури и оние вклучени во конфликтот не можат ништо да предвидат, а за нас е уште потешко.“

„Сепак, веќе постојат проценки што ги споредуваат со епидемијата на коронавирус“, додаде Путин. „Ќе ве потсетам дека тоа драматично го забави развојот на сите региони и континенти, без исклучок.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата