Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“.
Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји.
„Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност. Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ“, изјави Путин.
