Тој минатиот месец одобри нови услови под кои Русија ќе го употреби својот нуклеарен арсенал. Според доктрината нападот од ненуклеарни држави, поддржан од нуклеарна сила ќе се третира како заеднички напад врз Русија.
На прашањето дали Западот ја прими пораката од изменетата нуклеарна доктрина, Путин наведе: „Не знам, прашајте ги нив“.
- Ако земјите создаваат закана кон Русија, Русија верува дека има право да употреби нуклеарно оружје против нив, истакна Путин.
Тој одговарајќи на прашање за новата руска балистичка ракета Орешник, што беше употребена против Украина во ноември, посочи дека западната технологија „нема шанси“ да ја пресретне.
- Ајде да направиме експеримент или дуел. Изберете цел во Киев, донесете ја западната воздушна одбрана таму и видете дали ќе можат да ја пресретнат. Тоа ќе биде интересно за нас, истакна Путин.
Путин: Падот на Ал Асад не значи пораз за Русија
Претседателот на Русија, Владимир Путин на традиционалната прес-конференција за крајот на годината говореше и за падот на режимот на Башар ал Асад. Русија со години воено го поддржуваше Асад за време на сириската граѓанска војна.
Путин вели дека силите на поранешниот претседател ги напуштиле позициите без отпор, што ја објаснува брзината на поразот. Тој негира дека колапсот на неговиот сојузник претставува пораз за Русија.
Путин продолжува да зборува за статусот на руските воени бази во Сирија, велејќи дека тие разговараат со партнерите на теренот и инсистираат дека тој ќе ја задржи контролата над нив. Тој додава дека овие бази ќе се користат за дистрибуција на хуманитарна помош.
Руските медиуми минатата недела објавија дека Ал Асад и неговото семејство добиле азил во Москва - иако сè уште нема официјална потврда.
-Не сум го видел претседателот Асад од неговото доаѓање во Москва, но планирам да го сторам тоа. Дефинитивно ќе разговарам со него, рече Путин, неговиот прв коментар за Асад по соборувањето на неговиот режим во Сирија.