Пукотница во САД: Едно лице е убиено, деветмина се застрелани на парада во Тенеси

13.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукотница во САД: Едно лице е убиено, деветмина се застрелани на парада во Тенеси

Меѓу повредените, никој не е во критична состојба, соопшти локалната болница, пренесува ABC News.

Престрелката се случила меѓу две групи луѓе, а од полицијата велат дека меѓу повредените има и случајни минувачи.

Инцидентот се случил на парадата на Универзитетот во Тенеси каде веќе биле распоредени полицајци и пожарникари, а полицајците брзо реагирале по пукањето и им помогнале на повредените.

На местото на настанот е запленет пиштол, соопшти полицијата во Нешвил.

Мотивите за пукањето се уште не се прецизирани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата