Први снимки од Нигерија, каде што САД нападнаа терористи, кои убиваат христијани (ВИДЕО)

26.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Први снимки од Нигерија, каде што САД нападнаа терористи, кои убиваат христијани (ВИДЕО)

За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД започнале „моќни и смртоносни“ напади врз силите на терористичката група Исламска држава во Нигерија, откако неколку недели ја обвинувале владата на западноафриканската земја дека не успеала да го спречи прогонот на христијаните.

„Вечерва, по моја наредба како врховен командант, САД започнаа моќен и смртоносен удар врз терористичкиот огранок на Исламска држава во северозападна Нигерија, која прогонува и брутално убива, првенствено, невини христијани, на нивоа невидени со години, ако не и со векови“, рече Трамп на платформата Truth Social.

Министерството за надворешни работи на Нигерија потврди дека двете земји го координирале нападот, а претседателски советник рече дека САД и Нигерија се „на иста страна во борбата против тероризмот“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата