Прва реакција на Марин Ле Пен по изрекувањето на пресудата- откри зошто го напушти судот

31.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прва реакција на Марин Ле Пен по изрекувањето на пресудата- откри зошто го напушти судот

Таа го обвини судот дека донел „политичка одлука“ и рече дека судијата направил „грешка“.

Во интервју за француската телевизија TF1, таа беше прашана и зошто го напуштила судот пред да ја слушне пресудата на судијата и изречената казна.

Таа вели дека „не ѝ требало повеќе, бидејќи разбрала што се случува“.

„Судот намерно се обиде да ме блокира да се кандидирам во 2027 година“, додава таа, мислејќи на следните закажани претседателски избори во Франција.

„На милиони луѓе во Франција ќе им биде ускратена можноста да гласаат за фаворитот на следните избори“, вели таа.

Да потсетиме, на лидерката на Францускиот национален собир, Марин Ле Пен, ѝ беше забрането да се кандидира за јавна функција на пет години, откако беше прогласена за виновна во случајот за измама.

Оваа забрана ќе ѝ ги расипе надежите да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, но тоа не е единствената казна што ја доби.

Ле Пен е осудена и на четири години затвор, од кои две се условни. Сепак, таа нема да оди во затвор.

Две години од казната ќе ѝ се сметаат со електронско следење, а казнета е и со 100.000 евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата