Во одредени делови од главниот град граѓаните остануваат без струја и до 22 часа дневно.
Кубанските власти велат дека американската блокада на испораките на гориво предизвикала сериозна состојба во енергетскиот систем. Министерот за енергетика призна дека државата речиси целосно останала без дизел и мазут.
САД од почетокот на годината ги ограничуваат испораките на нафта кон куба, а санкциите беа дополнително заострени во јануари. Од декември, само еден поголем руски танкер испорачал сурова нафта на островот.

