Протести во Данска и Гренланд: „Доста е“

17.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Протести во Данска и Гренланд: „Доста е“

Од градскиот плоштад, присутните се упатија до амбасадата на САД  со транспаренти „Рацете поралеку од Гренланд“ и скандирајки „Гренланд не е на продажба“.

Гренланд не е на продажба! Фантастично. Ќе продолжиме да се бориме.

Собраните упатија порака дека бараат почитување на правото на самоопределување на Данска и Гренланд..

- Како може човек како Трамп со целосно несоодветен и непочитувачки пристап да зборува за купување или промена на анексијата на нашата земја, на нашите луѓе, како да е тоа имот, инвестиција. Стратешки дел во глобалната игра на моќ.

Протести како што е најавено денеска ќе се одржат и во главниот град на Гренланд Нуук.

Во меѓувреме, Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за воведување нови царини за земјите кои се противат на тоа САД да ја преземат контролата врз Гренланд. Изјавата доаѓа откако неколку европски членки на НАТО испратија воени тимови во Данска, како дел од извидувачка мисија на арктичкиот остров. Трамп не прецизираше кои земји би биле погодени, но повтори дека Гренланд е од клучно значење за националната безбедност на САД.

-Можеби ќе го направам тоа и за Гренланд. Можеби ќе воведам царини на земјитe,  ако не се согласат за Гренланд, бидејќи Гренланд ни е потребен за национална безбедност. Значи, можам да го направам тоа,- Доналд Трамп – претседател на САД.

Во рамки на операцијата „Арктичка издржливост“, околу 40 војници испратија Германија, Шведска, Норвешка, Франција и Холандија. Од соседството, Словенија најави дека ќе испрати двајца војници, а британската влада потврди дека на мисијата е распореден еден воен офицер, што предизвика реакции кај дел од британската јавност.

-  Иако за жал ја напуштивме ЕУ, мислам дека треба да играме водечка улога. Значи, испраќањето на едно лице е шега.

- Можеби ќе биде повоздржан ( Трамп), од обидот да го преземе со сила доколку има европски сили на терен, но не мислам дека еден војник ќе направи голема разлика за Американците.

Американска делегација пак, составена од демократски и републикански сенатори во текот на вчерашниот ден оствари средби со лидерите на Данска и Гренланд, изразувајќи поддршка за нивниот отпор кон аспирациите на Трамп.

По што испратија пораки дека Гренланд треба да се гледа како сојузник, а не како средство, истакнувајќи дека мнозинството Американци се против идејата за негово преземање.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата