Од почетокот на инвазијата врз Украина, најмалку 1.087 руски војници извршиле самоубиство, додека уште 885 смртни случаи се водат како последица на прострелни рани со неутврдена намера, пренесува Гардијан.
Податоците потекнуваат од база со повеќе од 11 милиони смртовници, до која дошле хакерските групи „Сајбер партизанс“и украинскиот колектив „Сајлент Кроу“.
Бројот на самоубиства растел во текот на војната. Во 2022 година биле регистрирани повеќе од 50, додека, пак, во 2025 година биле евидентирани дури 365 случаи. Во 2026 година, според нецелосни податоци, биле забележани речиси 300 самоубиства.. Како една од причините се наведуваат малтретирањето, мачењето, физичкото казнување, присилното испраќање во опасни борбени мисии и неможноста за напуштање на воената служба, наведува Гардијан..

