НЕОС се повлече од преговорите. Либералната партија за утрово најави прес-конференција и соопшти дека се повлекува од коалициските преговори со Австриската народна партија (ОВП) и Социјалдемократската партија (СПО), јавуваат германските медиуми.
Како што е наведено, коалициските преговори во Австрија беа комплицирани. На изборите за Националниот совет во септември, Партијата на слободата (ФПО) на Херберт Кикл стана најсилната фракција со 28,8 проценти. Зад нив беше ОВП на канцеларот Карл Нехамер со 26,3 отсто.
Сепак, ОВП и СПО ја отфрлија можноста за формирање влада со лидерот на ФПО Херберт Кикл. Им требаше трет партнер за сопственото мнозинство. Требаше да биде либералниот НЕОС.
Во коалициските преговори и претходно имаше несогласувања. ОВП и СПО се судрија околу прашањата за економијата и даноците. Нехамер веќе се закани дека ќе ги прекине преговорите, наведуваат медиумите.