Несреќата се случила во средата околу 23 часот по локално време, на градилиште на железничката делница Шенжен-Џиангмен во градскиот кварт Баоан, а работниците се водат како исчезнати од утрово, соопшти Министерството за вонредни ситуации, пренесува Ксинхуа.
На терен се локални противпожарни и спасувачки екипи, составени од 48 возила и 198 пожарникари, соопшти Министерството.
Во соопштението се додава дека истрагата за инцидентот е во тек.