Продолжува чистката во рускиот воен врв- уапсен е екс заменикот министер за одбрана, Булгаков

26.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продолжува чистката во рускиот воен врв- уапсен е екс заменикот министер за одбрана, Булгаков

„Главниот истражен оддел на Истражниот комитет на Русија истражува кривично дело за корупција во кое е вмешан Дмитриј Булгаков, кој беше заменик-министер за одбрана од 2008 до 2022 година“, се наведува во соопштението.

Се нагласува дека „во моментов се спроведуваат истражни дејствија и оперативни мерки за утврдување на причините и состојбите кои придонеле за незаконското постапување“.

Булгаков бил одговорен за армиска логистика во Министерството за одбрана.

Тој е разрешен од функцијата заменик министер во септември 2022 година, поради преместување на друго работно место.

Потсетуваме дека пред две недели беше уапсен генерал-полковник Вадим Шамарин кој беше заменик началник на Генералштабот на генералот Валери Герасимов и го надгледувал корпусот за врски и воените комуникации.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата