Репортер на Ројтерс ги видел Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, како влегуваат во Американската куќа, а извор запознаен со состанокот изјавил дека и претставникот на Путин, Кирил Дмитриев, исто така влегол во зградата по нив.
„Сè беше многу позитивно“
Според претходните информации од Ројтерс, Дмитриев требало да отпатува во Давос оваа недела за да одржи состаноци со членовите на американската делегација на маргините на форумот. Двајца извори запознаени со неговото пристигнување го потврдија ова под услов на анонимност.
По состанокот, Стив Виткоф накратко се обрати на медиумите, велејќи дека разговорите со руската делегација биле позитивни.
„Сè беше многу позитивно“, рече Виткоф.
Слична порака испрати и рускиот претставник Кирил Дмитриев.
🇺🇸🇷🇺🇺🇦 Russian state media claims that U.S. special envoy Steve Witkoff described today's talks in Davos with Kremlin advisor Kirill Dmitriev as "very positive." pic.twitter.com/rcUudXOEHu
— Alex Salvi (@alexsalvinews) January 20, 2026
Средбата траеше повеќе од два часа
„Средбите се одвиваат конструктивно. Сè повеќе луѓе ја препознаваат исправноста на ставот на Русија“, рече тој, како што објави РИА Новости.
Според новинарите што го следеа форумот, средбата меѓу американскиот и рускиот претставник траела повеќе од два часа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, утре лично ќе учествува на овогодинешниот Светски економски форум, откако минатата година им се обрати на учесниците преку видео врска. Тој ќе пристигне во Давос со голема американска делегација.

