Претставник на Трамп и шефот на дипломатијата на Иран заминуваат на преговори во Швајцарија

20.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претставник на Трамп и шефот на дипломатијата на Иран заминуваат на преговори во Швајцарија

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, ги откажа плановите за патување во Швајцарија на разговори во четврток, поради зголемените тензии во Либан меѓу Израел и милитантната група Хезболах, поддржана од Иран. Но, откако беше воспоставен прекинот на огнот, Виткоф патува во Швајцарија за да му се придружи на Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп, кој веќе е таму, објави Аксиос.

Се чини дека прекинот на огнот во Либан помогна во напорите за претворање на привремениот договор меѓу САД и Иран во траен регионален договор, објави Ројтерс.

Ескалацијата ги загрозува разговорите меѓу САД и Иран

Израел и Хезболах се согласија на прекин на огнот во Либан во четврток, откако ескалацијата на конфликтот ги загрози разговорите меѓу САД и Иран, кои се клучни за повторно отворање на Ормутскиот теснец и стабилизирање на снабдувањето со нафта.

Висок американски функционер изјави дека примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи на сила вчера околу 16 часот по локално време, додавајќи дека преговарачите на САД и Катар постигнале договор со помош на Иран.

Ова уследи по меморандумот од 14 точки што САД и Иран го потпишаа оваа недела за запирање на борбите и отворање 60-дневен период за решавање на споровите околу нуклеарната програма на Иран и други чувствителни прашања потребни за постигнување потрајен договор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата