Претседателски избори во Република Конго

15.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателски избори во Република Конго

За гласање се регистрирани околу три милиони граѓани, а неколку големи опозициски партии повикаа на бојкот на изборите.

Сасуа Н’гесо (82) на изборите се соочува со шест противкандидати, но според аналитичарите, актуелниот претседател би освоил петти по ред мандат.

Интернетот е прекинат низ целата земја, што е вообичаено за претседателските избори, а сообраќајот е ограничен низ целиот главен град Бразавил.

Сасу Н’Гесо е кандидат на Конгоската работничка партија, тој првпат дојде на власт во 1979 година и владееше до 1992 година, кога ги организираше првите повеќепартиски избори во земјата. Тој се врати на власт како лидер на милитантна група по четиримесечна граѓанска војна во 1997 година.

Со референдумот одржан во 2015 година укинати се ограничувањата за возраста и мандатот за претседателот, дозволувајќи му повторно да се кандидира.

Во Република Конго половина од населението, што е речиси шест милиони, живее во сиромаштија, а 47 проценти од земјата се под 18 години. Земјата има голем меѓународен долг, што изнесува 94,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП), а голем број од младите се невработени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата